Општина Кавадарци на иницијатива на градоначалникот Мтко Јанчев, а во соработка со општествено одговорните компании „Црна Река“ и „Кожувчанка“, реализира проект за изградба на монтажно лизгалиште, информираат од кавадаречката локална самоуправа.

– Лизгалиштето е лоцирано на тениските терени при спортскиот центар „Јасмин“, на површина од близу 500 метри квадратни. Предвидено е да се користи во текот на зимската сезона, со намена за спорт и рекреација, пред се на најмладите, соопштуваат од општина Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 11:52