Двајца лидери на каталонското сепаратистичко движење Хорди Санчез и Хорди Турул, кои изминатата година се во притвор, денеска почнаа штрајк со глад во знак на протест поради наводно „неправедниот третман“ од шпанскиот правосуден систем.

Според нивниот адвокат, Санчез и Турул одбиваат храна во знак на протест поради тоа што шпанските судови не ги одобрија нивните бројни жалби.

Од друга страна, шпанската Влада наведува деа „лидерите на сепаратистите ќе имаат фер судење“.

Санчез и Турул се двајца од деветмината лидери на сепаратистите, кои се во притвор поради улогата во нелегалниот обид на каталонските лидери минатата година да ја отцепат Каталонија од Шпанија.

Тие се во притвор поради постоење на опасност дека ќе продолжат да инсистираат на независност на Каталонија, но и поради тоа што можат да им се придружат на другите сепаратистички лидери, кои побеганаа од Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 15:46