Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на индонезиските острови Танимбар, соопшти Американскиот геофизички институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 279 километри западно од градот Саумлаки, на островите Танимбар.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 15:49