Битолчанецот Пеце Ангелевски, кој боледува од церебрална парализа, во текот на вчерашниот ден бил нападнат и ограбен сред бел ден.

Оваа информација тој ја сподели на социјалните мрежи, а како што пренесе тој, украдени му биле двата мобилни телефони и заработувачката.

Тој неуморно со велосипедот разнесува салфети и цевки низ битолските угостителски објекти. Заработувачаката е мала, но работата му го исполнува животот, а возењето велосипед му е најдобра физикална вежба.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2018 02:38