Градоначалникот на Струмица, Коста Јанески најавува имплементирање на проектот „Струмица грижлив град".

Јанески тоа го соопштил на вчерашната средба со министерката за труд и социјална политика,Мила Царовска, а целта на проектот е помош на луѓе кои што се немоќни и се во поодмината возраст и имаат потреба од нега.

-Тоа практично значи да им го олесниме нивниот живот и нивната улога во нашето општество. Проектот го именувавме како „Струмица грижлив град" во областа на палијативната нега. Со министерката Царовска разменивме добри искуства и идеи и веднаш ќе се зафатиме со решавање на овие проблеми и набрзо ќе има конкретни решенија за пристапот кон овие луѓе, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Додаде дека овој проблем може да се реши надвор од институциите што за него значи еден посовремен пристап кон оваа проблематика



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2018 03:06