Штипските средношколци се информирани за болеста СИДА, но не и за останатите преносливи болести, покажаа истражувањата Центарот за јавно здравје-Штип.

– Конкретно кај учениците од класовите од прва година извршивме 27 предавања и исто толку тестирања. Во меѓувреме, извршивме анкета и сознанијата се дека голем дел од средношколците, 80 проценти од анкетираните, како сексуално пренослива болест ја знаат само сидата. Сосема мал процент отпаѓаат за сознаниата за другите сексуално преносливи болести, како гонорејата, сифилисот и други, вели Викторија Јорданова лекар во Центарот за јавно здравје-Штип.

Истражувањето покажа дека 16 проценти од средношколците од прва година се сексуално активни.

Според лекарите потребно е да се започне и со сексуална едукација кај учениците и во основните, но и во средните училишта. Овие истражувања меѓу младите во Штип е дел од заеднички проект меѓу Општина Штип и Центарот за јавно здравје-Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2018 15:03