Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната негова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе биде во јануари или февруари.

Се разгледуваат три локации за средбата, изјави Трамп во претседателскиот авион на враќање во Вашингтон од Самитот на Г-20 што се одржа во Буенос Аирес.

Трам додаде дека тој и Ким добро се согласуваат и оти имаат „добар однос“, како и дека сакал да го покани севернокорејскиот лидер во САД.

Преговорите помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг за прекин на севернокорејската нуклеарна програма наизглед како да се во застој по историската средба на Трамп и Ким во Сингапур во јуни годинава. Двата лидери тогаш се обврзаа за денуклеаризација на Корејскиот Полуосторв, но со многу општи формулации, како и без одредување на временска рамка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2018 23:06