Во СВР Велес вчера било пријавено дека во спортската сала во основното училиште „Блаже Конески“, по завршување на ракометен натпревар помеѓу РК „Бисинов Вардар“ – Велес и РК „Велес 2009“ – Велес, тренерот на РК „Велес 2009“, В.Г. физички го нападнал главниот судија Ж.М.(20) од Велес.
По завршувањето на истиот натпревар, Љ.М.(42) од Велес пријавил дека во дворот на училиштето „Блаже Коневски“ неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од две малолетни лица од Велес.
Во двата случаи полицијата презема мерки за расчистување.