Плашицата кај каналот Студенчишта сеуште во опасност .Иако после поморот поставена е пумпа за дотур на вода сепак нема доволно воздух, количеството на кислород е двојно помало од потребното. Рибата која е влезена во каналот да презими може да остане заробенa и да угине, пренесува Телевизија Сител.
Експертите сметаат дека неопходно е да се изнајде решение како да се обезбеди доток на минимум свежа вода а потребно е и редовно поткопување на каналот.
Инаку за денес закажана е вонредна седница на Советот на општина Охрид, по предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за состојбата со плашиците во каналот.