Најниска температура во Македонија изутрина во седум часот е измерена во Скопје-Петровец и во Берово, каде се регистритрани – 6 степени, по што следат со -5 Струмица, – 4 Тетово, Битола, Куманово и Демир Капија, -3 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Штип, -2 Маврово, Лазарополе, Прилеп и Гевгелија,…, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Изутринава времето е ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Во Демир Капија има густа магла со хоризонтална видливост од 50 до 100 метри, а слаба магла има во Скопската и Струмичката котлина. Во повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе достигне до 7 степени.

УХМР најавува дека во текот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно со појава на утринска магла по одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта кон среда и во среда во утринските часови. Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 10:16