Двајца кичевци физички се пресметале при што се здобиле со телесни повреди.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека на 2 декември во2 часот и 55 минути, во мотелот „Панорама“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир помеѓу А.А. (34) и М.А. (31), двајцата од Кичево. Меѓу нив, најнапред настанала жестока вербална расправија која набрзо преминала во тепачка. Притоа, двајцата се здобиле со видливи телесни повреди во пределот на главата и лицето, констатирани при преглед во Општата болница во Кичево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 12:59