Во рамки на проектот „Акцелератор на знаење на мали и средни претпријатија" финансиран од ЕУ фондовите, во Гевгелија почна обновата на објектот во кој се наоѓаат просториите на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии.
Од фондацијата соопштија дека со реконструкцијата ќе биде опфатена целосната обнова на покривот на зградата, замена на сите дрвени врати и прозорци со енергетски ефикасна ПВЦ столарија, поставување на нова термоизолациска фасада како и комплетна обнова на старата водоводна инсталација. Вредноста на изведбените работи по кои објектот ќе добие нов изглед изнесува 15.000 евра.
Проектот што се реализира преку ИПА програмата,го имплементира фондацијата за локален развој од Гевгелија во партнерство со организацијата на жени од Штип.