По повод 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, лицата од дебарскиот дневен центар, на штанд во центарот на градот продаваа декоративни експонати и украсни елементи што ги изработија сами, заедно со нивните вопитувачки.

-Пресреќни се гледате, затоа што знаат дека нешто сработиле и го продале. Заинтересирани се, сакаат да работат, но, сепак тоа се лица што имаат потреба од помош, вели воспитувачката Линдита Муладаути.

Заедно со нив беше и Крешник Пачуку, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, во чии рамки функцонира дневниот центар.

-Оваа активност се одвива под мотото „ Вашата подршка денес, наш чекор утре…запознајте не и прифатете не“. Целта е да се пренесат пораките за еднаквост, заедништво и потреба од поголема инклузија на овие лица во сите пори на општеството, рече Пачуку.

Во Дневниот центар за лица со попреченост, кој функционира десет години, престојуваат девет лица.

Пачуку упати апел до сите родители кои имаат деца со попреченост да ги донесат во центарот, зашто, рече, тука го развиваат другартсвото, креативните способности и потенцијалите за себеизразување, со еден збор тие се социјализираат



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 15:32