По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во организација на Сојузот на телесни инвалиди се одржа турнир на кој учествуваа лица со попреченост.
Настанот се одржа под покровителство на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, кој им врачи признанија и награди на најдобрите.
– Градоначалникот Темелковски апелира за подигнување на јавната свест кај луѓето како заеднички би им помогнале на лицата со инвалидност да имаат достоинствен живот без бариери и дискриминација, да имаат еднакви права со сите останати, велат од општина Кисела Вода.