Општина Радовиш со општините Белишче, Бенковац и Биоград на море од Хрватска и Мојковац и Колашин од Црна Гора договараше соработка за полесен пристап до ЕУ фондовите, кои се фокусираат на заштита на околината, туризмот, културата и спортот, информираат од општината.
Делегација на Општина Радовиш, предводена од градоначалникот Герасим Конзулов, учествуваше во работата на „Првата регионална конвенција за соработка меѓу градови и општини на ЕУ проекти#, што се одржа во Мојковац и Колашин каде што беше презентиран туристичкиот потенцијал на Радовиш, со акцент на руралниот туризам.
– Радовиш е туристича дестинација во фаза на развој со неискористен потенцијал, главно подобна за развој на рурален туризам. Имаме слабости во повеќе аспекти но најголем проблем е недостатокот од сместувачки капацитети. Преземаме активности за подобрување на општата состојба со инвестирање во патната инфраструктура и просторното уредување на локалитетите – рече Конзулов.