Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица вечерва со хуманитарна манифестација и со порака „Преку креативност поблиску до социјална инклузија“ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На сцената во Домот на АРМ во Струмица ученици од неколку основни училишта и Нижото музичко училиште „Боро Џони“ заедно со децата од Центарот „Порака“ ја пренесоа пораката за еднаквост, заедништво и потребата од поголема инклузија во сите пори на општеството. Ученици од Посебното основно училиште „Свети Климент Охридски“ од Ново Село одиграа претстава.

Во рамки на манифестацијата беа претставени креациите од работилниците кои „Порака“ ги организираше во текот на годината.

Присутните можеа за симболична цена да си купат новогодишни украси, а собраните средства Центарот ќе ги употреби за опремување на Социјалниот клуб со потребните дидактички средства за работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 23:37