Од Армијата на Република Македонија се пофалија дека се зголемува извршувањето на командириските должности од страна на припадничките на понежниот пол, дел од македонската војска.

„Во редовите на АРМ постојано се зголемува бројот на припаднички од женскиот пол кои извршуваат командирски должности. По неодамнешното поставување командир на механизирана пешадиска чета, како и повеќе други припаднички кои извршуваат командирски должности на единици кои се во борбено сервисна поддршка, како логистички, АБХО и единици за врски, во касарната ,,Мирче Ацев’’ во Прилеп поручник Сара Мишева е поставена на должност командир на 2.артилериска батерија. од составот на артилерискиот баталјон.

Изминатите две години поручник Сара Мишева ја извршуваше должноста командир на команден вод во командната батерија која две години по ред беше прогласувана за најдобра единица во баталјонот.

Честитки за поручник Сара за новата должност и со успех да раководи со единица која има мисија за огнена поддршка на единиците при изведување на операции и е со голема огнена моќ, опремена со ПЦФР 128мм“ истакнаа од Армијата на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 01:21