Трите партии членки на владината коaлиција во Луксембурg, постигнаа договор за продолжување на коалициската соработка и во наредните пет години.

Како што јави ДПА, либералната Демократска партија (ДП) на премиерот Ксавие Бетел, Социјалистичката работничка партија на Луксембург (ЛСАП) и Зелените (ДГ) потпишаа коалициски договор за формирање нова влада за следниот петгодишен мандат, по изборите одржани на 14 октомври.

На изборите демократите и социјалистите забележаа намалување на бројот на гласови, освојувајќи 12, односно 10 пратенички места, додека зелените имаа значително зголемување на поддршка и добија девет мандати.

Коалицијата ќе има 31 пратеник во 60-члениот Парламент или еден помалку од досега.

Новиот коалициски договор, со кој се продолжува соработката меѓу трите партии започната во 2013 година, има 246 страни и предвидува неколку реформи, како раст на минималната загарантирана плата, зголемување на годишниот одмор за два дополнителни дена, бесплатен јавен превоз на покуси релации и легализација на канабисот.

Инаку, на октомвриските избори најмногу гласови освои опозициксата Христијанско социјална народна партија (ЦСВ), но конзервативците не успеаја да најдат колаициски партнери за обезбедување парламентарно мнозинство за фомирање влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 10:48