Водостојот на Охридското Езеро е идентичен со просечниот за декември, додека кај Дојранското и Преспанското е повисок од вообичаениот за овој месец, покажуваат последните податоци од мерењата што ги направи Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите, пак, на најголем дел од реките во земјава се во рамките на просекот за декември. Исклучок се Треска на мерното место кај Македонски Брод каде нивото е за четири пати помало од вообичаеното, Сатеска кај Ботун со повеќе од трипати понизок водостој од просечниот и Крива Река кај Крива Паланка со речиси двојно пониско ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 12:02