Одлуката за зголемување на таксите на горивата во Франција, што треба да стапи во сила на 1 јануари 2019, ќе биде суспендирана на неколку месеци, објави денеска прес-службата на францускиот премиер Едуар Филип.

Прогласувањето на повеќемесечниот мораториум за зголемување на таксата за гориво или „суспензијата“, според владиниот речник. според најавите ќе биде придружени и со други мерки.

Одлагањето на зголемувањето на таксите за горивата Филип утрово го потврди и пред пратениците на владејачката партија Република во движење (ЛРМ).

– Тоа низ што сега минуваме е централен момент од она што се случува во еден мандат од пет години. Климата на големо насилство ја открива состојбата на нашата демократија и заканите со кои таа е соочена, изјави Филип на состанокот со пратеничката група на ЛРМ во Националното собрание.

Еден од лидерите на ЛРМ, Станислас Герини за приватното радио РТЛ изјави дека мораториумот на зголемувањето на таксата за горивата е „здрава“ одлука. Герини, кој пред неколку дена се спротивставувапше на оваа мерка, оцени дека таа биле неопходна за да се „смири земјата“, која „се уште е во шок по насилство од минатата сабота, посебно во Париз“.

За „жолти елекции“ и опозицијата суспензијата е недоволна

„Жолтите елеци” веднаш по најавата изкажаа претпазливот во однос на најавениот на мораториум на зголемувањето на таксите. Нивните претставници ја откажаа за денеска најавената средба со Филип, поради како што соопштија закани по нивните животи.

Еден од лидерите на движењето „жолти елеци“, Бенжамен Коши го поздрави „првиот чекор“ во најавта на Филип, но нагласи дека „Французите не сакаат трошки, туку го сакаат целиот леб“.

Тој побара и „општа расправа“ за „нова распределба на богатството во Франција“ и воведување „редовни референдуми за главните општествени прашања“.

Пртпаролката на “жолтите елеци” во Вал-д-Оаз, Летисиа Девал оцени дека мораториумот е само „кикирики“.

Опозицијата исто така не е задоволна од најавата за одлгање на зголемувањето на таксите.

Претседателлата на екстремно десничарскиот Национален собир, Марин Ле Пен на Твитер објави дека најавениот мораториум „очигледно не е во согласност со очекувањата“ на Французите.

Претседателот на сенатската групата на најголемата опозициска партија, Републикаците, Бруно Ретајо побара целосно „поништување“ на мерката.

Поранешната социјалистичка министерка за екологија Сеголен Роајал за Радио Класик одлуката ја оцени со зборовите: „подобро подоцна, отколку никогаш“, но побара и зголемување на минималната плата.

– Владата објасни дека таксите се зголемуваат поради еколошки причини. Тоа е лага. Тоа би имало смисла ако со овој данок луѓето би можеле помалку да загадуваат со промена на автомобилите. Тоа не е случај, изјави Роајал.

Протести и блокади во средните училишта

Протестите на седношколците во знак на солидарност со „жолтите елеци“, што започна во понеделникот, породлжија и денеска.

Според податоците на француското Министерство за образование, најмасовни средношколкси портести има во Марсеј, каде наставата е нарушена во 21 училиште, од кои десетина се блокирани. На територијата на целиот регион Марсеј – Екс-ан-Прованс, наставата е во прекин во 23 средни училишта.

Во Ница околу 300 средношколци од четири средни училишта блокираа неколку улици, а стотици ученици се собраа на протест пред седиштетот на Општина Кан.

Локалните медиуми објавија дека имало судири во близина на некои училишта во Тулуз. Пожар е регистиран во едно средно училиште во Блањак, а контејнери со смет бил запалени средното професионално училиште „Ролан Гарос” во Тулуз, објави „Ла Депеш“.

Во областа Кретеј во парискиот регион од утрински часови претести се регистирани во 32 образовни институции, а пет училшта биле целосно блокирани, каде демонстрантите поставиле контејнери и барикади пред влезовите.

Во Обервилие, во Сена-Сен Дени, каде што вчера пред средното училиште „Жан-Пјер-Тимбо“ беше опожарен автомобил, група млади луѓе протестираат и денеска, но состојбата е мирна.

Во реонот на Лил, протестираат учениците од 12 образовни институции. Сепак, ниту едно средно училиште не е целосно блокирано и наставата се одвива. Пред меѓународното средно училиште „Монтебело“ во Лил, полициските сили интервенирале околу 10 часот, откако група насилниците запалија канти за отпадоци во близина на училишната зграда.

Протести има и во средните училишта во Ла Рошел, во едно во Амиен, две во Пи де Дом и во три во Монпеље.

Протести има и во средните училишта во Ла Рошел, во едно во Амиен, две во Пи де Дом и во три во Монпеље.

Сослушувања пред Парламентот

По средбата во пратеничката група на ЛРМ, премиерот Филип денеска и утреќе учествува на седниците Националното собрание и Сенатот посветени на пратеничките прашања.

Од друга страна, денеска во Националното Собрание ќе бидат сослушани и министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер и неговиот државен секретар Лоренс Нунез, кои ќе одговараат на прашања поврзани со королата на јавниот ред, која се најде во центарот на политичката дебата.

Иако, на првата линија на фрнотот го испрати шефот на неговата Владата, се чини дека сепкасо целиот процес раководи самиот францукси претседател Емануел Макрон. По одлагањето на неговата официјална посета на Србија, предвидена за утре и задутре, тој ја откажа и работната средба со здруженија на локалните власти закажана за денеска попладне.

Враќање на мирот на Реунион

По уште една ноќ на судири меѓу младите демонстранти и силите за безбедност во градот Ла Порт, главното пристаниште на француската прекуморска територија во Индискиот Океан, Реунион, ид утрово состојбата е мирна. Низ градот патролираат мобилни тимови на жандармеријата.

Состојбата се смири откако вчера значителен број полицијаци пристигнаа во Ла Порт, кој важи за економски центар на Реунион, и беше блокиран повеќе од две недели од страна на „жолтите елеци“. Протестите прво се одвиваа мирно, но ситуацијата набрзо ескалирапе. Полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите возвратија со камења и петарди. Во близината на царинската зграда беа опожарени неколку возила.

Според Комората за трговија и индустрија на Реунион, од 26 ноември, па до 3 декември, поради протестите загубите на локланите компании се движат од 600 до 700 милиони евра.

Тони Гламчевски



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 15:21