Четириесеттина семејства кои имаат членови, лица со попреченост од општина Старо Нагоричане, добија прехранбени пакети од локалната власт.

Хуманитарната акција за лицата со попреченост општината ја спроведува секоја година. Податоците за бројот на лицата со попреченост, Старо Нагоричане ги добива од Подрачното одделение на Центарот за социјални работи Куманово.

За наредната година градоначалничката на општината, Жаклина Јовановска најави дека ќе поднесе предлог до Советот на општината да се одвојат средства од буџетот и да им се овозможи делумна субвенција за комунални давачки, конкретно за потрошена вода, на семејствата во кои има лица со попреченост. Предлогот, појасни Јовановска ќе треба да ја добие поддршката од советниците за да почне да се имплементира.

Од општинскиот буџет во рамки на социјалната сфера се одвојуваат и по 100 евра за секое новороденче во општината, која со години наназад бележи негативен природен прираст.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 15:32