Татко го нашол четримесечното бебе со повреда на главата во семејниот дом во едно гостиварското село. Случајот во полиција е пријавен од гостиварската болница.

Од СВР Тетово информираат дека Ј.А. (41), вчера пријавил дека кога се вратил од работа околу 20 часот и 30 минути, во домот го нашол, паднато покрај кревет своето четиримесечно бебе со повреда на главата. Мајката С.Ш.(21) спиела на креветот. Повреденото бебе е пренесено во гостиварската општа болница „ Ферид Мурад“, а оттаму заради повредите е препратено на скопските клиники.

Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 15:42