Триесетишестгодишен жител на Кочани вчера бил тешко повреден извршувајќи работни задачи во печатница во Кочани.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 12:00 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека околу 11:45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 12:11