Изложбата ќе биде отворена попладне во 17 часот во Градската библиотека „Григор Прличев".
Агендата на чествување предвидува бројни културни настани и содржини: промоции на книги, изложби на фотографии, музички концерти и приредби на институциите што го носат името на патронот.
Централната манифестација е Свечената академија по повод Денот на Свети Климент Охридски, на која ќе бидат врачени годинашните највисоки општински награди и признанија што ги доделуваат Градоначалникот и Комисијата за доделување награди и признанија, а чии добитници се уште не се официјално соопштени.