Петардите можат да убијат, кампања против употреба на пиротехнички средства се спроведува во Кавадарци, во организација на Секторот за превенција при Полициска станица од општа надлежност Кавадарци и Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво.
-Во рамките на оваа кампања, денеска беше реализирана превентивна акција, ученици од Основното општинско училиште “Тоде Хаџи Тефов, поделија над 50 едукативни пораки и цртежи на оваа тема, кои претходно самите ги изработија. Освен на случајните минувачи, пораки против употреба на петарди тие им подарија и на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и на Ристо Сакалиев, претседател на Совет на општина Кавадарци, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција и претседател на Советот за превенција од малолетничко престапништво.
Јанчев и Сакалиев ја поздравија оваа кампања, која има за цел заштита од употребата на петарди, со оглед на фактот што бројни луѓе во светот, страдаат токму поради својата непромисленост.