Британските пратеници усвоија амандман, со кој си даваат повеќе овластувања, ако договорот за Брегзит не биде прифатен на решавачкото гласање на 11 декември.

Амандманот вчера беше предложен од конзервативниот проевропски пратеник Доминик Гриjв, на првата од вкупно пет седници на Парламентот, посветени на договорот за излез од ЕУ.

И покрај противењето на Владата на Меј, мерката беше усвоена со 321 глас „за“, наспроти 299 гласа „против“, благодарение на гласовите на опозицијата и на 25 пратеници од владејачката Конзервативна партија.

Ако договорот биде отфрлен на 11 декември, законот предвидува Влада во рок од 21 ден, до 1 јануари, да му достави на Парламентот план како мисли да продолжи понатаму со постапката за излез од ЕУ.

Тој амандман им дава можност на пратениците да направат промени во текстот, кој Владата ќе му го предложи на Парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 17:05