Во Крушево се одржува проектот „Разновидност, толеранција и прифаќање“ имплементиран од Здружението за европска интеграција „Европска гледна точка“, а поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Целта на овој проект е промоција на толеранцијата, на почитта и взаемното разбирање преку уметничкото изразување на културната, верската и етничката разновидност меѓу младите од различните земји. Во текот на 10 дена, младите од различни земји ќе работат заедно. Тие ќе бидат обучени на темите: вредности на демократијата и меѓусебното разбирање, почитувањето на разликите, како и за стереотипите и создавањето мрежа. Учестуваат младите од Македонија, Турција, Грузија, Хрватска и Литванија
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес одржа средба со младите од петте земји кои престојуваат во Крушево како дел од проектот.
Проектот е со цел да ја подигне свеста кај младите за тоа дека „културните разлики“ и „меѓукултурниот дијалог“ не се апстрактни концепти, туку настани во кои тие учествуваат и имаат корист и може да ги користат за да ја развијат својата локална заедница.