Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изрази надеж дека до следната есен Романија ќе биде примена во Шенген. Тој тоа го изјави на прес-конференцијата со романската премиерка Виорика Данчила, по седница на ЕК и романската влада по повод романското претседавање со Советот на ЕУ од 1 јануари.

– До крајот на мандатот на ЕК, Романија треба да биде примена во Шенген, останува да вложени уште напори и мислам дека тоа ќе го направи, рече Јункер.

Во врска со последниот извештај за земјата за механизмот за соработка и верификација, претседателот на комисијата појасни дека ЕК го привлекла вниманието на романските власти кон некои слабости.

Јункер истакна дека се потребни напори и сака земјата да биде примена во Шенген до крајот на неговиот мандат.

-Имаме некои разлики во врска со владеењето на правото и разговараме за нив, додаде тој.

-Во Романија има владеење на правото, се обидувам да обезбедам независност на судството, рече Данчила. Не би сакала да ги ставам на исто ниво Унгарија, Полска и Романија – ситуацијата е различна во овие земји. Не гледам врска меѓу претседавањето и владеењето на правото, додаде таа.

Во врска со користењето на правилата на ЕУ за заштита на личните податоци против новинари во нејзината земја, премиерката објасни дека романскиот устав ја штити слободата на изразување, но кога се засегнати лични податоци, европските правила се задолжителни, а не пожелни.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 17:42