Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со општина Чаир и Мисијата на ОБСЕ во Скопје- канцеларија за развој на полицијата, денеска во ОУ,, Лирија ” отпочна со реализација на проектот „Сообраќајни училишни единици“.
– Целта на овој проект е зголемување на безбедноста во соообраќајот, особено на учениците во основните училишта, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Наведуваат дека во рамки на проектот е формирана училишна сообраќајна единица, во која членуваат 20 ученици.
– Обучените членови на училишната сообраќајна единица во наредниот период ќе ги демонстрираат стекнатите знаења и вештини за обезбедување премин на ученици, спроведување сообраќајно- воспитни активности и манифестации и укажување на грешките на учесниците во сообраќајот на повеќе сообраќајници во непосредна близина на своето основно училиште на подрачјето на Општина Чаир, посочуваат од МВР.