Лозарите од Тиквешко веќе ги кројат лозите. Велат дека не можат да го чекаат верскиот празник „Свети Трифун” уште два месеца, кога вообичаено на симболичен начин, традиционално почнува резидбата.

-Во Тиквешијата кроењето симболично стартува на 14 февруари, бидејќи „Свети Трифун” се смета за заштитник на производителите на грозје. Но, голем дел од лозарите мораат да брзаат со оваа операција и не можат да го чекаат празникот зашто имаат големи лозови плантажи и нема да стигнат да завршат со резидбата, вели за МИА претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев.

Но, со кроењето се брза и зашто тешко се наоѓаат аргати.

– Голем број од сезонските работници кои порано се ангажираа во лозарството, сега се вработени во германската фабрика и тешко се наоѓаат аргати, вели Кулев.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2018 16:32