Марихуана била пронајдена вчера кај 22 годишен кавадарчанец, по претресот нареден од Основен суд – Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Пронајдената марихуана била одземена, а лицето било лишено од слобода.
Од полицијата не соопштуваат повеќе детали за случајот.