Американскиот рапер Кендрик Ламар доби осум номинации за музичките Греми награди, меѓу кои и номинации за најдобар албум и песна на годината.

Медиумите оценуваат дека Ламар станал „крал на Греми наградите” и оти неговиот албум, кој е дел од филмот „”Црн Пантер” му ги донел номинациите.

Веднаш зад Ламар, е канадскиот рапер Дрејк со седум номинации.

Церемонијата на врачување на наградите ќе се одржи на 10 февруари 2019 година во Лос Анџелес.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2018 16:43