Свечена бадникова поворка за навестување на Христовото раѓање првпат ќе се оддржи во Дебар и Ростуше. За таа цел денеска во познатиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, деца од Дебар, Ростуше и Битуше ја одржаа првата проба.
– Најголемата и прва радост ни пристигна од Дебар, Ростуше и Битуше. Најмладите Дебрани, Ростушани и Битушани, заедно со сестрите, нивните ревносни координатори и родителите, ја одржаа првата проба за Бадниковата поворка. Од устите на дечињата се слушна голема пофалба кон Бога, кој ги посети нивните чисти срца. Нивното радосно пеење на песничката „Вечниот Бог“ ја исполни манастирската гостинска соба со чудесна топлина, изјави сестра Ефимија.
Очекуваме, додаде, на следните проби бројот на децата да биде поголем.
Бадниковата поворка ќе почне од центарот на Дебар и на Ростуше, на 6 јануари во 10:00, односно 12:00 часот, ќе се движат по одредена рута по што во Дебар децата ќе бидат дарувани со бадникови пакетчиња, кои ќе бидат подготвени од жители на Дебар, Ростуше и Битуше.