Снегот што падна во Пијанечко-малешевскиот регион ја зголеми фреквенцијата кон повисоките места. Во Делчево зголемена фреквентност имаше на планината Голак каде наврна над 10 сантиметри снег што беше доволна причина граѓаните да се искачат на најблиската планина во Делчево.
-Убаво е, излеговме со децата на чист воздух, нормално тие го сакаат снегот и затоа си носиме и зимска опрема вклучувајки и санки, за да се порадуваат тие. Голак ни е блиску и засега уживаме во денот, вели посетителка од Делчево.
Дел од делчевци се навратија на прашањето за рестартирањето на детското одморалиште Голак кое повеќе од 15 години е во катастрофална состојба.
-Тука беше убаво и кога бевме деца, овде научивме да скијаме, санкаме, се дружевме со другарчиња од цела Југославија. Зошто се распадна и повеќе од 15 години е во очајна состојба се уште не ми е јасно. Ако почне да се реновира, одморалиштето ќе привлече пак туристи. Вака народот е приморан да оди во Бугарија, вели Бранко од Делчево.
Пред два месеца Голак беше пројавен интерес за враќање на сјајот на одморалиштето и кај градоначалникот на Делчево беа разгледани можноста и начинот како да се дојде до средства за почеток на конкретни активности за реконструкција на одморалиштето. Најава за негова реконструкција има и од заинтересирани бизнисмени од Бугарија, но засега само како иницијатива.