Дваесетгодишен скопјанец, кај кој е пронајден пушкомитралез, доби 30-дневен притвор. Мерката притвор му е определена по барање на јавен обвинител поради опасност од бегство.
При извршен претрес во домот на скопјанецот пронајден е еден пушкомитралез „Degtyarev Type 56 RPD“ со калибар 7,62X39 мм од кинеско производство.
– Станува збор за оружје наменето за испалување муниција поставена во реденик, со автоматски режим, односно оружје кое им е забрането на граѓаните и за кое извршената анализа покажала дека исправно функционира, велат од Основното јавно обвинителство на Република Македонија.