Општина Валандово најави дека во соработка со Центарот за развој на југоисточниот плански регион ќе реализира проект за уредување на патеката од градот до манастирот „Свети Ѓорги“ со поставување на туристичка инфраструктура по целата нејзина должина и блиското опкружување на манастирот, што претставува и место за излет на локалното население
Проектот опфаќа поставување на повеќе партерни елементи како павиљони, фитнес-зони, дрвени клупи, канти за отпадоци, трим-патека, елементи за забава на деца и паркинг простор, а по целата должина на патеката до манастирот ќе биде инсталирано осветлување.
Вредноста на проектот, чија реализација е најавена во текот на 2019 година, ќе чини меѓу 6 и 7 милиони денари со учество на Општина Валандово од сопствениот буџет во висина на 15 отсто од вредноста на проектот.