Дивата депонија на патот Струмица-Валандово, во близина на селото Костурино, деновиве повторно е исчистена по реакција на граѓани со акција на работната единица од одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“.

Од депонијата, која се чистеше и во мај годинава, се подигнати големи количини на градежен шут, електрични апарати и зелен отпад.

Од ЈПКД „Комуналец“ истакнуваат дека на депонијата непречено се депонира отпад најчесто во ноќните часови. За несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина од јавното претпријатие најавуваат содветни пријави и санкции.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 18:24