Советот на општина Дебар за вршител на должноста градоначалник, со мнозинство гласови го избра Еуген Цами, советник од редовите на Алијасата за Албанците.

Од вкупно 15 советници, Цами освои осум гласа и тоа тројцата советници од неговата матична партија, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од Беса и еден советник од ПЕ.

Тој на ова функција ќе биде до изборот на нов градоналаник, за што ќе бидат спроведени избори.

Цами е пензионер, роден 1940 година во Дебар, а има завршено виша педагошка академија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 18:28