Со претставување на резулатите од дел на реализираните проекти Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Тетово одбележа 10 години од своето работење како и 9 –ти деекмври како Ден на превенцијата.
Началничката на Отсекот за превенција при СВР Тетово Едита Џемаили посочи дека за добрите резултати постигнати во изминатите 10 години заслужна е соработрката на полицијата со сите општествени чинители како локалните власти на подрачјето, невладините организации, граѓаните и медиумите.
-Меѓу нашите реализирани проекти се издвојуваат превенцијата од злоупотреба на дроги и алкохол со учениците од основните училишта во полошко, Заштитата од тешки кражби со советодавните групи на граѓани, безбедноста на училиштата со учениците од средните училишта во регионот, проектот „Навивај спортски за меѓуетнички соживот и толеранција“ каде очигледно имаме намалување на бројот на инциденти на спортски настани, „Стоп на говорот на омраза“ од 2017 година каде исто така имаме добар ефект. Иако во последно време се зголемува оваа појава особено на социјалните мрежи, проектот за превенција на самоубиства и самоповредувања од 2014 та година под наслов „Почитувај го животот “поради зголемениот број вакви случаи особено во гостиварско и така натаму изјави Џемаили.
Таа најави дека голем дел од досегашните превентивни активности ќе продолжат да се реализираа и во следниот период и побара подобрување на соработката со другите институции на системот но и невладините организации и граѓаните со цел како што рече Џемаили зголемена безбедност, ефикасно одржување на јавниот ред и мир и намалување на криминалитетот.
На свеченоста присутвуваа и началникот на СВР Тетово Амир Далипи како и преставникот на мисијата на ОБСЕ Јацек Михалкоски.
За добрата соработка на полето на превенцијата повеќе градоначалници, други претставници на локалните самоуправи, невладини организации и поединци добија признанија за нивниот придонес во работата на Отсекот за превенција при СВР Тетово.