Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија го реализираше вториот дел од обуката за поставувач на рекреативно-планинарска патеки – маркацист. Како што информираше Љупчо Чучуковски кој е член на комисијата и претседател на ПСК „Голак" Делчево обуката се реализирала успешно.

-Во обуката учествуваше претседателот на комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови, Симон Симоновски, јас како претседател на ПСК „Голак", како и уште тројца членови кои успешно ја реализираа обуката кај кањонот Матка. Обуката во изминатиот викенд беше во најголем дел практична, така што во саботата имавме за задача мапирање, чистење, уредување и анализирање на планинарската патека од кањонот Матка до Шишевски Манастир. Во недела се мапираше, чистеше, уредуваше и анализираше планинарската патека од кањон Матка до манастирите Св.Спас Св.Недела и Св. Андреј во кањонот Матка, информира Чучуковски.

Додава дека со овие активности целосно се завршени обуките за поставувач на рекреативно-планинарска патека Маркацист, додека во наредниот период ќе следуваат уште неколку семинарски работи, тестови и на крај доделување на сертификати за сите идни маркацисти.

Активностите за поставувач на рекреативно планинарски патеки-маркацист во целост се подржани од Проф.Др.Јовица Угриновски кој е претседател на Федерација на планинарски спортови на Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 21:42