Во Прилеп, од денеска, до четврток, се спроведува хуманитарна акација насловена „Подај рака, биди човек".

Во пет маркети во градот се поставени кошници за донација на храна, а организатори на акцијата се Здружението „Епилепсија Македонија" и Црвениот крст со поддршка на прилепската локална самоуправа.

Дејан Бунески од Здружението „Епилепсија Македонија" наведе дека сите добронамерници кои ќе пазарат во маркетите ќе имаат можност да донираат во кошницата.

-Оваа хуманитарна акција е насловена како „Подај рака, биди човек" и нашата цел е да собереме храна пред големиот христијански празник „Св. Никола", зашто светецот е заштитник на нашиот град. Сакаме да се водиме по тоа што Свети Никола претставува заштитник на сиромашните, на децата, голем добротвор. Во тој поглед сакаме и ние да го доловиме хуманитарниот момент и да дадеме придонес, односно да помогнеме таму каде е најпотребно, објасни Бунески.

Истакна дека со хуманитарна акција се надеваат дека ќе допрат до срцата на оние дечиња кои не може да си овозможат новогодишно пакетче и на тој начин да ги усреќат, како што рече, па и тие да ја почуствуваат новогодишната магија како и сите други.

Во соработка со прилепскиот Центар за социјални работи ќе се определат ранливите семејства и пред 19 декември ќе им се поделат пакетите.


Голема хуманитарна акција во Прилеп

Организаторите сакаат да воспостават традиција на хуманитарни акции и за сите поголеми христијански празници како што се Божиќ, Велигден, Водици.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 21:42