Во Скопје денеска ќе бидат презентирани наодите од истражувањето „Колку и на што троши еден македонски студент“ спроведено од тим на Здружението на млади аналитичари и истражувачи и Младинскиот образовен форум со поддршка на фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

Целта на истражувањето е да се добие претстава за видот и за висината на трошоците на студентите кои студираат на државните универзитети во Македонија и да се дадат препораки за подобрување на студенскиот стандард.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 10:03