Започна имплементацијата на проектот за зафаќање на води во индустриската зона „Опаленик“ во Крушево, со што ќе се обезбеди вода, примарно, за компаниите во и околу индустриската зона, како и за дел од населените места во општината.

Проектот се имплементира во соработка на крушевската локална самоуправа и Министерството за животна средина.

Според градоначалникот Томе Христоски, крајно време е да се почне со изградбата на резервоарот.

– Овој проблем се провлекуваше три децении, се ветуваше и сега е крајно време да се изгради резервоарот како суштински инфраструктурен зафат за жителите ова населено место, вели Христоски.

Општината деновиве е фокусирана и на патната инфраструктура во населените места. Запона реконструкција на улица во населеното место Саждево, а претходно беше реконструирана улица во крушевско Алданци.

Од Општината информираат дека е организирано пречек на Новата 2019 година на плоштад.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 11:15