Алтон Мејсон е првиот модел со афроамериканско потекло, кој прошета по пистата на шоуто на Шанел во 109-годишната долга историја на брендот.
Мејсон беше дел од древниот египетски спектакл по повод изложбата „Метиерс д’Арт“
Иако Фарел Вилијамс претходно соработуваше со Шанел, Мејсон е првиот професионален модел од афроамериканско потекло, кој се појави на пистата за Шанел. Пишувањето историја беше значаен чекор за Мејсон, кој својата благодарност ја сподели на социјалните мрежи.
-Благословен сум, бидејќи имав можност да прошетам на модната писта за Шанел. Ова е момент, кој никогаш нема да го заборавам. Да се види уметноста внатре во музејот и да се работи со неверојатен тим беше нереално. Да се биде прв модел со афроамериканско потекло…Што? Уште не можам да поверувам, напиша Мејсон на Инстаграм