Во Кичево денеска во утринските часови во објект во „Жито Караораман“, лоциран во близина на населбата „Горица“, избувна пожар предизвикан од плинска боца.

При обид за гасење, со изгореници од втор степен се здобил Г.Ц. (40) од Кичево, вработен во компанијата. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде, по пружена неопходна медицинска помош е пуштен на домашно лекување. Со брза интервенција на противпожарната единица од Кичево, пожарот бил локализиран и изгаснат, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 17:28