Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките на претставата за деца „Авантурите на Пинокио“ според Карло Колоди во режира Дарко Ковачовски.

Според режисерот Ковачовски, станува збор за куклено-драмска претстава на познатата приказна за Пинокио која секогаш е актуелна кај младата публика.

– Многу важно е еден епски материјал напишан во проза да се преведе на јазикот на сцената. На драматизацијата работевме околу месец и половина. Се работи за куклено драмска претстава. Имаме една кукла Пинокио и глумците кои ќе ги играат другите улоги – лисицата, мачката, таткото, штурчето. Пораката што ја носи „Пинокио“ е многу актуелна. вели Ковачовски кој ја направи драматизацијата заедно со Надја Василева Ковачовска, која, пак, e креатор на куклите и автор на сценографијата и на костимите.

Во претставата играат Јасмина М. Станкоска, Димитар Црцороски, Андон Јованоски, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска и Катерина Чакмакоска Клинческа.

Претставата е дел од програмата на театарот за 2018 година поддржана од Министерство за култура. премиерата се очекува наскоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 17:49