На иницијатива на Исламската верска заедница од Струга, а со поддршка на општинската организација на Црвениот крст денеска во Заводот за нефрологија се одржа крводарителска акција на која беа собрани 16 крвни единици.

Муфтијата Салим еф. Сулејмани по дарувањето крв испрати порака дека сите луѓе треба да се обединат, без разлика на нивната вера, кога се работи за животот.

-Муфтиството на ИВЗ – Струга и понатаму ќе иницира и ќе поддржува вакви хуманитарни иницијативи, кои имаат за цел да помогнат и да спасат човечки животи. Имајќи го предвид светиот курански принцип: кој ќе убие едно невино лице, како да го убил целиот свет, а кој ќе спаси живот на еден човек како да го спасил целиот свет, изјави портпаролот на струшкото муфтиство Јакуб Ќазимоски

Секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути изрази надеж дека акцијата ќе премине во традиционална и оти ќе ја стават во годишниот план за идната година.

-Целта е да се помогне и подари живот на оние на кои им е потреба крв. Во иднина се надеваме оваа акција ќе стане традиционална, изјави Даути.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 18:10