Над автопатот Велес-Скопје кај велешко езеро „Младост“ над селата Отовица и Чалошево, вработени од подружницата „Бабуна“ од Велес која е во склоп на ЈП „Македонски шуми“ во изминатите десетина дена на 50 хектари засадија 100 околу илјади садници од багрем јасен и јавор.

Како што појасни за МИА Маре Басова, помошник директор на ЈП „Македонски шуми, пошумувањето се извршило на површини на овој терен, кои беа опожарени во неколку големи шумски пожари во летата од 2001 до јули 2009 година.Тогаш над велешко езеро на овие терени изгореа околу 300 хектари квалитетна борова шума-зелениот појас на Велес.

-Согласно програмата за проширена репродукција на ЈП „Македонски шуми“, подружницата „Бабуна “ од Велес од оваа програма доби средства за пошумување на површини над велешко езеро, односно за санирање-пошумување на опожарени површини. По целосното расчистување на теренот, пошумувањето успешно го реализираа вработените од велешката подружница „Бабуна“. Успешноста на пошумувањето со увид од терен ја потврди и инспекторот за шумарство, информира Басова.

Таа најави дека ЈП „Македонски шуми“ преку својата велешка подружница „Бабуна“ на овие опожарени терени над велешко езеро „Младост„ со пошумување континуирано на овој терен, како и на останатите терени во велешко ќе продолжи и во наредните години.

– Целтта е повторно враќање на зелениот појас на Велес, а во прилог на позелена и почиста животна средина и почист воздух, потенцира Басова.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 20:04