Владата на денешната седница донела одлука за основање „Јавно претпријатие колекторски систем“, чија примарна дејност ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.

Како што соопши владината прес-служба, јавното претпријатие ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем.

Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од пет милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 20:41