Британската премиерка Тереза ​​Меј синоќа престојуваше во Европската комисија за да ги објасни состојбата во нејзината земја и загриженоста на Парламентот во Лондон и да побара решение со поддршка од институциите на ЕУ, соопшти денеска портпарол на Еврокомисијата.

Тој додаде дека претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер „внимателно ја ислушал“ Меј.

Портпаролот нагласи дека Европската комисија нема да ја коментира внатрешната британска политика и настаните во Конзервативната партија, но истакна дека Јункер во неколку наврати и изрази поддршка за Меј и на „нејзината улога во овој многу тежок процес“.

Тој не прецизира дали двајцата соговорници синоќа разговарале за денешното гласање за недоверба на Меј за позицијата лидер на Конзервативната партија.

– Мислам дека тие не разговараа за тоа, јас не присуствував на разговорот. Колку што знам, не разговараа, рече портпаролот, додавајќи дека за Велика Британија „секогаш ќе има место во семејството на европските народи”.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 14:13